Samsung Galaxy Z Flip 5: Батерија и полнење
Samsung Galaxy Flip телефоните се едни од најдобрите преклопни телефони на пазарот со одличен дизајн, добри перформанси и одлични камери. Следниот Galaxy Z Flip 5 се очекува да пристигне со подобра батерија од Galaxy Z Flip 4.
Samsung се уште нема официјални информации за батеријата на Galaxy Z Flip 5, но аналитичарите очекуваат да пристигне со подобрен век на батеријата и капацитет од 3,700mAh. Неговиот претходник имаше ист капацитет, но сега со новиот Snapdragon 8 Gen 2 процесор, телефонот ќе биде енергетски поефикасен и нема толку да троши батерија, во споредба со Snapdragon 8+ Gen 1 што беше кај Galaxy Z Flip 4.
Galaxy Z Flip 5 пристигнува со безжично полнење од 10W, опција за реверзибилно полнење до 4.5W, и 25W полнење преку кабел. Samsung Galaxy Z Flip 5 ќе се полни за 86 минути.