Наследничката на Илон Маск најави стратегија за „Twitter 2.0“!?

Објавено на 14.06.2023 во Новости



Наследничката на Илон Маск најави стратегија за „Twitter 2.0“!?

Линда Јакарино ја држи главната позиција на Twitter. Ја очекува тежок период пред себе и затоа сега ќе ја претстави новата стратегија “Twitter 2.0”. Мисијата на Јакарино е да стане најточен извор на светски информации во реално време. 

Со оглед на тоа што живееме во време кога интернетот и социјалните мрежи се преплавени од лажни вести и дезинформации, таквата мисија е вистински предизвик. Особено кога ќе се земе во предвид дека компанијата неодамна ја напушти Ела Ирвин, која ја држеше позицијата за доверба и сигурност на социјалната мрежа. 

Автор: Aleksandar Stankov