BlackBerry Motion официјално претставен со топ батерија

Објавено на 09.10.2017 во Новости



BlackBerry Motion официјално претставен со топ батерија

Канадскиот бренд BlackBerry го официјализираше новиот смартфон Motion кој има неколку атрактивни карактеристики како одлична батерија со капацитет од 4000 mAh, IP67 сертификат за отпорност од вода, како и Premium Anti-Scratch заштита на екранот.

BlackBerry Motion доаѓа со 5,5 инчен Full HD дисплеј целосно на допир без QWERTY или тастатура на лизгање, работи со осум-јадрениот Snapdragon 625 процесор, Adreno 506 GPU, 4 GB RAM, може брзо да се полни и го користи оперативниот систем Android 8.0 Oreo.

BlackBerry Motion кон крајот на месецот ќе биде пуштен во продажба со цена која не би требало да надмине 450 долари.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}