Microsoft официјално ја претстави новата конзола Xbox Series S
Објавено на 14.06.2023 во Игри
Microsoft ја објави новата Xbox конзола за игри - Series S, која пристигнува со прифатлива цена и понапредни перформанси. Има 1TB SSD меморија во споредба со стандардниот модел со 512GB, додека целото куќиште е со црна боја и има црн контролер.
Цената на новата конзола изнесува 349 долари – 50 поскап од моделот со 512GB. Продажбата почнува на 1 септември. Xbox Series S има нов џојстик и слушалки, кој се одликува со комбинација од бели и сиви нијанси со црвени мотиви. Цената на џојстикот изнесува 80 долари, а слушалките се 130 долари.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.