Новиот Samsung Galaxy Watch може буквално да ви го спаси животот

Објавено на 15.06.2023 во Смарт часовници



Новиот Samsung Galaxy Watch може буквално да ви го спаси животот

Смартчасовниците веќе стануваат се повеќе популарни и постои причина за тоа. Ви овозможуваат да бидете поврзани цело време, без да мора да го вадите телефонот од џеб, многу добри партнери се за вежбање и следење на вашето здравје.

Samsung Galaxy часовниците заедно со Samsung Health апликацијата се едни од најдобрите смартчасовници на пазарот. Корејската компанија постојано ги подобрува со секој нов модел. Galaxy Watch 6 го очекуваме да биде официјално откриен следниот месец, кој ќе биде со нови алатки со цел да ви помогне да го мониторирате вашето здравје, исто како да сте во канцеларија на лекар.

Samsung доби веќе одобрување за Irregular Heart Rhythm Notification (IHRN) алатката од Корејското министерство за храна и безбедност со лекови (MFDS). IHRN опцијата ќе биде претставена на 13 пазари: Аргентина, Азербејџан, Костарика, Доминиканска Република, Еквадор, Грузија, Гватемала, Хонг Конг, Индонезија, Панама, ОАЕ, Кореја и САД. 

Со IHRN опцијата, смартчасовникот ќе детектира доколку има нешто што не е нормално со вашето срце и ви испраќа известување да се проверите. Ова може да биде од голема помош за оние што имаат проблем со срцето.

Автор: Aleksandar Stankov