Може ли Nothing Phone да загрози други телефони на пазарот

Објавено на 15.06.2023 во Android



Може ли Nothing Phone да загрози други телефони на пазарот

Карл Пеј тврди дека неговите телефони се алтернатива на популарните телефони на Apple, на кои што првенствено ќе им конкурира со цената. Иако iPhone е свет за себе, Пеј е убеден дека со текот на времето телефоните на неговата компанија ќе привлечат повеќе корисници што ќе го заменат iPhone со некој Android, но не се задоволни со изборот.

Телефоните на Nothing се одликуваат со уникатен проѕирен дизајн, добар хардвер, итн. Следниот модел Nothing Phone 2 би требало да биде достапен и на пазарот на САД, со подобар Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, ќе биде со поквалитетни камери и екран со дијагонала од 6,55 инчи. Батеријата ќе биде 4700 mAh, RAM меморија ќе има со 8 и 12GB и 128 / 256GB внатрешна меморија.