Познато е се што Samsung планира да го претстави на Unpacked во Сеул

Објавено на 20.06.2023 во Новости



Познато е се што Samsung планира да го претстави на Unpacked во Сеул

Samsung официјално на почетокот на август ја претставуваше Galaxy Note серијата, но со излегувањето на новата Z серија на преклопна телефонија, ја отфрли Note серијата и ја замени со Z Fold и Z Flip серијата. Годинава настанот се очекува да се одржи на 27 јули, во Сеул. 

За разлика од претходните години кога настаните се одржувале во некои од светските престолнини, годинава Сеул ќе биде „центарот на Samsung светот“. Ќе бидат претставени нови модели на Z Filp и Z Fold, кои ќе бидат со Snapdragon 8 Gen 2 процесор и се очекува Flip моделот да биде со речиси двојно поголем надворешен екран, што ќе значи и поголема потрошувачка на батеријата, освен ако Samsung не стави уште некој „mAh“ со батеријата.

Новиот Fold 5 ќе биде со ист дизајн, со нови винтови за преклоп на телефонот, новиот Snapdragon процесор и поддршка за S Pen Fold, смарт стилус. Samsung ќе го претстави и новиот Samsung Watch 6, кој ќе биде сличен на претходниот и се враќа ротирачката круна. Се шушка и за новите Buds 3 безжични слушалки и новиот таблет Tab S9 Ultra.