Samsung Galaxy Buds 2 Pro го подобруваат звукот за оние со потешкотии во слухот

Објавено на 20.06.2023 во Новости



Samsung Galaxy Buds 2 Pro го подобруваат звукот за оние со потешкотии во слухот

SAMSUNG Galaxy Buds 2 Pro се едни од најдобрите безжични слушалки на пазарот. Со воведувањето на Ambient Sound технологијата, Samsung креирал фокус на амбиенталниот звук за лицата со слаб слух и така полесно комуницираат со луѓето. 

Ambient Sound ви овозможува да слушате подобро и да бидете свесни за својата околина. Претходно Ambient Sound имаше само три нивоа, но сега се вкупно пет нивоа на засилување на звукот. Патентираната функција на Samsung е докажана со клиничко испитување од Лабораторијата за слушни помагала и истражувања на стареењето при Универзитетот во Ајова. Samsung Medical Center исто така докажа дека Galaxy Buds 2 Pro се ефикасна алатка со цел да им помогне на луѓето што имаат умерен изгубен слух и подобро да комуницираат на тивки места.

Со софтверска надградба ќе биде автоматски достапна новата функција Audio Customization, која го подобрува звукот уште повеќе. Новата Ambient Sound функција е веќе достапна и на нашиот пазар.