Големи амбиции на Suzuki, работат на развој на летачки автомобил

Објавено на 20.06.2023 во Електричен погон



Големи амбиции на Suzuki, работат на развој на летачки автомобил

Јапонскиот производител на автомобили Suzuki, најави дека со SkyDrive постигнале договор за развој на летачки автомобили, чие производство треба да започне во текот на следната година. SkyDrive е јапонска компанија, чии главни акционери се компанијата Itoch, NEC и Eneos Holdings.

Според потпишаниот договор, Јапонија и SkyDrive ќе соработуваат на истражување, развој и рекламирање на летачки автомобили. SkyDrive би требало да воспостави сопствена подружница, која што ќе биде задолжена за развој на летачките возила, додека Suzuki ќе им помогне во подготовките за производство.