Ford патентирал резерва батерија за автомобили, сместена на покривот

Објавено на 20.06.2023 во Електричен погон



Ford патентирал резерва батерија за автомобили, сместена на покривот

Инженерите на Ford дошле до интересна идеја, како да го зголемат опсегот на електрични автомобили и пријавиле патент за дополнителна батерија, односно дополнителен извор на енергија за возила. За разлика од класичните батерии сместени во шасијата, тие ќе ја стават дополнителната батерија на покривот.

Батеријата нема да ги напојува електричните мотори директно и ќе служи само како резервна батерија, со која што може да се наполни главната батерија на автомобилите. Батеријата може да се користи и како класичен извор на струја за напојување на други уреди кога е потребно, додека да се наполни класичната батерија. 

Автор: Aleksandar Stankov