29-годишна жена останала жива благодарение на Apple Watch

Објавено на 21.06.2023 во Смарт часовници



29-годишна жена останала жива благодарение на Apple Watch

Apple Watch е кадарен да спасува животи. Ова не е прв таков случај. Кими Воткинс од Синсинати има 29 години и спиела кога нејзиниот Apple Watch ја известил дека отчукувањата на срцето биле премногу во подолг период од 10 минути.

„Спиев околу 1 час и половина пред да ме разбуди алармот, кој ме извести дека моите отчукувања на срцето се премногу, подолг период. Во рок од 10 минути, биле премногу“, вели Воткинс. 

Истиот ден порано таа не се чувствувала добро, но тоа го занемарила, затоа што не јадела многу тогаш и мислела дека проблемот е од тоа. Имала 178 отчукувања во минута, што го имаат само атлетичарите кога трчаат. Во болницата таа добила дијагноза на белодробна емболија. Д-р Ричард Бекер, кардиолог во Универзитетот на Синсинати за медицина тврди дека ова е многу сериозна ситуација и само 50% го преживуваат ова.