Опуштете се и слушајте како звучи вселенската симфонија

Објавено на 21.06.2023 во Вселена



Опуштете се и слушајте како звучи вселенската симфонија

Вселената не е само визуелно интересно место, туку може да биде и со пријатен звук. НАСА објавила неколку видеа со вселенска симфонија, кои се создадени благодарение на сонификацијата со астрономските податоци. 

Телескопите може да детектираат различни видови на светлост, а секоја од тие светла со себе носи и куп на информации за тоа што се надгледува. Научниците на НАСА веќе со години ги претвараат информациите во ноти и хармонија што овозможува нов начин на доживување на галаксијата, маглините и ѕвездениот систем низ светот.