Stellantis и Foxconn со здружени сили во производство на чипови за автомобили

Објавено на 21.06.2023 во Електричен погон



Stellantis и Foxconn со здружени сили во производство на чипови за автомобили

Stellantis и Foxconn рамноправно ќе го делат сопствеништвото во заедничката компанија SiliconAuto, која што започнува со работа во 2026 година, со седиште во Холандија. SiliconAuto ќе обезбедува попупроводници со фокус на автомобилската индустрија за зголемените потреби од компјутерски контролирани перформанси и модули, особено оние за електричните возила. 

Stellantis ќе има корист од сигурно снабдување на основните компоненти клучни за брза, софтверски дефинирана трансформација на нашите производи“, вели главниот технолошки директор на Stellantis, Нед Курик. Stellantis ги опфаќа брендовите: Chrysler, Citroën, Dodge, Fiat, Jeep, Opel и Peugeot, со седиште во Холандија.

Автор: Aleksandar Stankov