WhatsApp претстави опција за пригушено повикување од непознати

Објавено на 21.06.2023 во Новости



WhatsApp претстави опција за пригушено повикување од непознати

WhatsApp претстави нова опција за замолчување на непознатите корисници што ве контактираат. Социјалната мрежа на тој начин сака да спречи измамнички и спамерски повици.

На оваа социјална мрежа веќе може да блокирате личности со кои што не сакате да бидете во контакт од било која причина. Сега тоа може да се спречи и со оние што не се во вашите контакти, а сепак може да ве контактираат. Опцијата за исклучување на непознати повикувачи е веќе достапна во апликацијата, а оние што сакаат да ја активираат, нека одат во поставките на WhatsApp => Calls => Silent Notifications. 

Кога оваа опција е активирана, а некој непознат ве повикува, телефонот нема да ѕвони, ниту пак на екранот нема да се појави известување за повикот, но внатре на списокот на тие повици сепак повикот ќе биде забележан и покрај него ќе се појави ознака дека станува збор за пропуштен пригушен повик, во случај сепак да сакате да го повикате тој број.