ChatGPT е хакиран, одјавете се од профилот, можеби сте веќе на Dark Web

Објавено на 22.06.2023 во Туториали



ChatGPT е хакиран, одјавете се од профилот, можеби сте веќе на Dark Web

Ако користите ChatGPT, мора да бидете внимателни, затоа што на интернет се објавени над 100.000 лични податоци од ChatGPT профилите и се појавија на dark web. The Hacker News и Group-IB објавија дека личните податоци на корисниците што се пријавиле на ChatGPT, се за оние што користеле во периодот од јуни 2022 до мај 2023 година.

Тоа значи дека кражбата на лични податоци е се уште во тек. Превентивно, сите што имаат профили на ChatGPT, мора да прекинат да ја користат услугата. Овде не се работи само за пристап кон вашите лични податоци, туку и сите разговори од четови преку OpenAI апликацијата. ChatGPT се уште нема коментар за ова.