Зошто Google плаќа цело богатство на Apple и Android партнерите?

Објавено на 11.10.2017 во Новости



Зошто Google плаќа цело богатство на Apple и Android партнерите?

Во изминатата година според податоци на Bloomberg се открива дека Google потрошил неверојатни 7,2 милијарди долари на Apple и Android партнерите за неговиот интернет пребарувач Google Search да биде главен избор во мобилните апликации и интернет алатки. 
Се проценува дека најголем дел од тие 7.2 милијарди долари завршиле кај Apple бидејќи од неодамна дојде до замена на Bing со Google Search што на интернет гигантот му даде многу поголема видливост, а со тоа и можност да заработи преку онлајн реклами.
Потрошените пари во 2016 година за Google Search изнесуваат 11% од вкупните годишни приходи на Google и тоа е речиси двоен скок во однос на трошоците кои се остварени во 2012 година за истата намена. 
Google се надева дека преку својот хардвер и со Pixel смартфоните ќе стигне до поголем број на корисници кои ќе генерираат профит од интернет рекламирањето, но за таа цел му е потребна силна продажба која не оди според посакуваното. 



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
 


{}