Twitter доби ултиматум: „Имате 28 дена да покажете сериозност“

Објавено на 22.06.2023 во Новости



Twitter доби ултиматум: „Имате 28 дена да покажете сериозност“

Австралиското надзорно тело за безбедност на интернет во четвртокот се закани со парична казна за Twitter, поради неуспехот за справување со онлајн малтретирањето и рече дека има зголемување на „токсичноста и омразата“, откако Илон Маск го купи Twitter.

Комесарката за е-безбедност, Џули Инман Грант, поранешна вработена во Twitter, рече дека платформата сега е одговорна за секоја трета онлајн жалба за говор на омраза, од сите вкупно пријавени во Австралија. Таа изјавила дека Twitter има 28 дена да покаже сериозност и резултати во решавањето на проблемите, или во спротивно ќе мора да се соочи со казна од 700.000 австралиски долари за секој ден од пречекорувањето на дадениот рок. 

Автор: Aleksandar Stankov