Device Health Services на Google достапна во Play Store

Објавено на 12.10.2017 во Android



Device Health Services на Google достапна во Play Store

Google продолжува со трендот да објавува свои матични апликации од Android OS, за да ги има и како независни во Play Store. Device Health Services е новата апликација на Google за батерија, која сега официјално излезе во Play Store. Апликацијата доаѓа прединсталирана само на Nexus и Pixel уредите, нема да функционира на смартфоните од другите брендови.

Најстариот телефон со кого апликацијата ќе може да функционира е Nexus 5. Апликацијата во моментот може да биде преземена само во САД. Device Health Services апликацијата е наменета за да ги демонстрира вашите навики околу користењето на телефонот и како може да го користите за подолго да ви трае. Веруваме дека апликацијата во иднина ќе се прошири во сите земји во светот.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}