Samsung развива сопствен chatbot со вештачка интелигенција!?

Објавено на 23.06.2023 во Новости



Samsung развива сопствен chatbot со вештачка интелигенција!?

Вештачката интелигенција и chatbot-овите за кратко време се претворија во дел од нашето секојдневие. Истражувањата покажуваат дека ChatGPT и сличните алатки веќе се користат како асистенти во извршувањето на различните работи и во иднина на некои позиции може да ги заменат дури и луѓето.

Наводно, AI chatbot почнал да развива и Samsung. Информациите што кружат на интернет, се дека јужнокорејската компанија сака да лансира конкуренција на ChatGPT. Интересно е што тоа нема да биде јавно достапна алатка за сите, туку само за ограничен број на луѓе. Samsung се уште нема коментар за ова.