iOS 17 нема да го има кај сите Apple телефони

Објавено на 24.06.2023 во iOs



iOS 17 нема да го има кај сите Apple телефони

Apple пред некоја недела ја претстави новата верзија на својот оперативен систем за смартфони, iOS 17 и најави дека тој ќе биде достапен есента. Со новиот изглед, iOS 17 има и неколку интересни новости, како што се "standby mod", апликација за водење дневник, но и новости во пораки и автоматско исправување на пишувањето.

Важно е да напоменеме дека нема да ја добијат сите корисници оваа верзија на оперативен систем на Apple. Apple вели дека одредени постари модели нема да добијат ажурирање на системот и ќе останат на актуелниот iOS 16. Тоа значи дека корисниците на тие уреди нема да можат да уживаат во некои нови можности, но и дека нема да добијат идни надградби. Ако вашиот уред е понов од iPhone XS (кој што се појави во 2018 година на пазарот), тогаш значи дека добивате нов iOS оперативен систем. Но, ако имате постар модел од iPhone X, нема да можете да го ажурирате својот телефон.