OnePlus V Fold е привлечен преклопен смартфон со тенко тело и перископски сензор

Објавено на 26.06.2023 во Новости



OnePlus V Fold е привлечен преклопен смартфон со тенко тело и перископски сензор

Првиот преклопен смартфон на OnePlus се уште не е официјално претставен. Додека кинеската компанија се уште го подготвува развојот за телефонот, во меѓувреме се појавија рендери како би изгледал еден од најдобрите преклопни смартфони за 2023 година.

Се очекува да се нарекува OnePlus V Fold, кој се одликува со елегантен дизајн, главна камера од 50MP и селфи камера од 32MP со OmniVision сензор.

Ќе биде со 8 инчен 2K AMOLED LTPO дисплеј, Snapdragon 8+ Gen 2 процесор, периоскопска камера за зумирање, ултра-брзо полнење на батеријата од 100W и капацитет на батерија од 4,800mAh. Очекувана цена за V Fold е $1500 за верзијата со 512GB.