Chilli International креираше телефон „фиџет спинер“

Објавено на 12.10.2017 во Новости



Chilli International креираше телефон „фиџет спинер“

Фиџет спинер(fidget spinner) или на македонски кажано „вртелешката“ е најпопуларната играчка годинава. Сега е направен и телефон по овој пример. Годинава имаше многу навала во еден период и не можевме да пројдеме преку улица без да видиме како се продаваат на секој агол овие вртелешки.

Поради огромниот интерес и зависноста на луѓето, кинеската компанија Chilli International направила и телефон по ваков примерок. Телефонот има дисплеј од 1,4 инчи, доаѓа во 6 различни бои и има меморија од 32MB, која може да се зголеми со мемориска картичка со плус 8GB.

Во суштина, телефонот е многу едноставен и не би можел да привлече никакво внимание за неговиот дизајн да не биде направен така што може да се врти како фиџет спинер. Има само Bluetooth и интернет прелистувач. За оваа играчка ви требаат само 20 долари. ТИе се наводно ефикасни во намалувањето на анксиозноста.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}