OPPO и OnePlus наводно работат на „Годзила“ телефон со 24GB RAM

Објавено на 27.06.2023 во Новости



OPPO и OnePlus наводно работат на „Годзила“ телефон со 24GB RAM

OPPO и OnePlus наводно се спремаат за производство на смартфони со 24GB RAM меморија. Weibo Digital Chat Station објави дека телефон со „RAM kaiju“ (јапонски збор за митско чудовиште, како што е Годзила), би можел да пристигне во некое идно време.

Проектот наводно го водат OPPO, OnePlus и Realme. Новите предводници на овие брендови ќе бидат опремени со 16GB RAM и 24GB RAM меморија. Зошто е добро да се има голема RAM меморија? За подобар мултитаскинг и полесно играње со графички тешките игри.