Јапонски научници смислиле роботски раце за ослободување на креативноста во луѓето

Објавено на 27.06.2023 во Новости



Јапонски научници смислиле роботски раце за ослободување на креативноста во луѓето

Се повеќе се зборува за идејата за користење на некакви роботски продолжетоци во нашиот секојдневен живот, особено во време кога вештачката интелигенција зема замав и за многумина претставува закана за човештвото.

Конретно во овој случај се работи за егзоскелетони, какви што веќе се носат во одредени фабрики, со цел да им помогнат на работниците во носењето на тежок товар. Во Јапонија излегле такви роботски раце, кои што ќе се изнајмуваат еден ден исто како што денес ги изнајмуваме велосипедите. 

Прилично интересно е што јапонските научници ја добиле идејата од традиционалниот јапонски куклен занает, како и кратката хорор приказна на Јасунари Кавабата за маж кој ја позајмил раката на една млада жена и ја поминал ноќта со неа. Што и да значи.