Скромниот пронаоѓач на литиумско-јонските батерии почина на 100 години
Објавено на 28.06.2023 во Новости
Џон Б. Гудинаф е човекот што ги пронајде литиумско-јонските батерии. Благодарение на батеријата, денес имаме успешен развој на телефоните, лаптопите и електричните автомобили. Гудинаф тукушто почина на 100 годишна возраст.
Тој во 1979 година успешно ја откри идеалната батерија со катода направена од слоеви на литиум и кобалт оксид, поради напонот, безбедноста и големиот капацитет. Неговиот обид за создавање на батерија е значително посупериорен во споредба со претходните обиди. Добитник е на Нобеловата награда за хемија во 2019 година за неговите заслуги.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.