Скромниот пронаоѓач на литиумско-јонските батерии почина на 100 години

Објавено на 28.06.2023 во Новости



Скромниот пронаоѓач на литиумско-јонските батерии почина на 100 години

Џон Б. Гудинаф е човекот што  ги пронајде литиумско-јонските батерии. Благодарение на батеријата, денес имаме успешен развој на телефоните, лаптопите и електричните автомобили. Гудинаф тукушто почина на 100 годишна возраст.

Тој во 1979 година успешно ја откри идеалната батерија со катода направена од слоеви на литиум и кобалт оксид, поради напонот, безбедноста и големиот капацитет. Неговиот обид за создавање на батерија е значително посупериорен во споредба со претходните обиди. Добитник е на Нобеловата награда за хемија во 2019 година за неговите заслуги.