Европската цена за премиум слушалките Sony WF-1000XM5 е превисока!?
Објавено на 28.06.2023 во Новости
Sony WF-1000XM5 слушалките ќе бидат поскапи од нивните претходници. Германскиот новинар Роланд Квант објавил на Twitter дека за европски пазар Sony WF-1000XM5 слушалките ќе чинат 320 евра. Ова е навистина премногу и корисниците реагираат.
Се разира, Sony секогаш ги има најскапите производи на пазарот, затоа што нуди квалитет. Ама како за слушалки, цената не би требало да е толку висока. Сепак, нели треба да почекаме и да слушнеме зошто би била толкава цената кога официјално ќе излезат на пазарот. Sony WF-1000XM4 од 2021 година беа 280 евра на европскиот пазар, што значи дека новиот модел е со зголемена цена од 15%.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.