Google Wallet воведува QR кодови за плаќање со телефони без NFC

Објавено на 28.06.2023 во Android



Google Wallet воведува QR кодови за плаќање со телефони без NFC

Google Wallet додава поддршка за плаќање со QR код, што им олеснува на корисниците да плаќаат за добра и услуги со своите уреди без NFC поддршка. Со QR код плаќањето, корисниците ќе може едноставно да скенираат код од трговецот со нивната камера од телефонот и плаќањето ќе биде автоматски извршено.

Ова било објавено од Google со блог пост, специјално за Бразил. Бразилците што користат Google Wallet ќе бидат први што добиваат такво искуство за начинот на плаќањето. QR кодовите се уникатни и безбедни за плаќање. Се додека телефонот е со камера, ќе може да се користи и како дигитален паричник. Google Wallet ќе ги овозможи QR кодовите за наплата во Бразил во следните неколку месеци и ќе бидат достапни за сите Android уреди со камера.