Google го претстави RoboCat, кој може да направи револуција во роботиката

Објавено на 29.06.2023 во Новости



Google го претстави RoboCat, кој може да направи револуција во роботиката

ChatGPT ја започна револуцијата во развојот на вештачката интелигенција, особено што овој chatbot ни ги отвори очите за можностите и потенцијалот на технологијата, кои што се неограничени. Слична револуција во областа на роботиката би можел да покрене и RoboCat, програмата зад која што стои одделот на Google за вештачка интелигенција DeepMind

Нивните научници веќе се прославија со програмите базирани на AI, кои што успеале да ги победат луѓето во играта Go, а сега истражуваат како своето знаење да го употребат и во областа на роботиката. Она по што RoboCat е интересен и има револуционерен потенцијал е што станува збор за роботски агент, односно програма која што без човечки надзор може да може да прави нови работи и да ги применува кај роботите, т.е. роботските раце и така самостојно да пронаоѓа решенија за проблемите.

Врз база на многу фотографии и видеа со кои што е трениран, оваа AI програма учи и ја подобрува својата техника, која што може да го искористи кај други роботски системи. 

Автор: Aleksandar Stankov