Samsung Galaxy S23 FE објавен со високо квалитетни рендери

Објавено на 29.06.2023 во Новости



Samsung Galaxy S23 FE објавен со високо квалитетни рендери

Samsung до крајот на годината ќе го лансира новиот модел од Fan Edition серијата. Објавени се рендери од Стив Хемерстофер во меѓувреме . Galaxy S23 FE се очекува да биде сличен со 6.4-инчениот Galaxy A54 на прв поглед, со иста големина на екран како Galaxy S23 и тројна задна камера.

Galaxy S23 FE се очекува да ја добие истата батерија од 4,500mAh како што ја имаше S21 FE, ќе биде со тројна задна камера од 50MP + 12MP + 12MP, Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 процесор или Exynos 2200, во зависност за кој пазар ќе биде наменет. Galaxy S23 FE се очекува да биде со цена од $800.