Nokia G42 5G ќе ги исполни вашите соништа за само-поправка

Објавено на 29.06.2023 во Новости



Nokia G42 5G ќе ги исполни вашите соништа за само-поправка

HMD Global официјално го најави Nokia G42 5G, за кој што корисниците имаат шанса да прават DIY проекти. Што значи тоа? Неговиот дисплеј, влезот за полнење на батеријата и батеријата може да се поправат од страна на корисниците со помош на упатства.

За креирањето на овој уред компанијата соработувала со iFixit, така што ќе може да најдете комплети за поправка на екранот, и да ги најдете батериите на веб страницата на компанијата.

 Кајл Винс, извршниот директор на iFixit изјавил: “Воодушевен сум што нашето партнерство со HMD Global ќе ги направи уредите полесно и само-поправливи. Не се работи само за обезбедување на делови, туку и за DIY етосот кај корисниците, што сигнализира дека ерата на само-поправка е навистина пред нас“. 

Nokia G42 5G под хауба има Snapdragon 480+ 5G процесор, 50MP главен сензор, 6.56 инчен HD+ дисплеј и батерија што трае до 3 дена со користење до 800 циклуси на полнење. Nokia G42 5G ќе биде достапна во Европа за 249 евра.