OnePlus Fold ќе биде еден од најмоќните преклопни смартфони на пазарот

Објавено на 30.06.2023 во Android



OnePlus Fold ќе биде еден од најмоќните преклопни смартфони на пазарот

OnePlus најави уште пред неколку месеци дека го спрема првиот преклопен смартфон OnePlus Fold. Медиумите шпекулираат дека тоа ќе биде во третиот квартал од 2023 година. Се уште немаме официјални спецификации, но неделава е објавено што се очекува од OnePlus Fold.

Од OnePlus Fold се очекува да биде со 6,3 инчен дисплеј, кога ќе се отвори ќе добие 7,8-инчен дисплеј, двата екрана ќе бидат со 120Hz, додека резолуцијата 1900x2100 пиксели. Телефонот ќе биде со тројна задна камера од 48MP + 64MP и третиот телефото сензор. За селфи фотографии ќе има два предни сензора, а под хауба Snapdragon 8 Gen 2 процесор, 16GB + 256GB меморија, 4800 mAh батерија со 67W полнење.

Автор: Aleksandar Stankov