Samsung Galaxy A25 5G: Објавени рендери што откриваат традиционален дизајн

Објавено на 30.06.2023 во Новости



Samsung Galaxy A25 5G: Објавени рендери што откриваат традиционален дизајн

Samsung изгледа дека се спрема за да лансира уште еден прифатлив 5G смартфон - Galaxy A25 5G. Наследникот на Galaxy A24 изгледа многу слично од надворешната страна, кој што дебитираше претходниот месец. 

Рендерите се од Onleaks, објавени од Giznext, кои откриваат традиционален дизајн. Но, тоа нема да биде проблем се додека цената е коректна. Спецификации нема објавено се уште, но Galaxy A25 5G се очекува да биде со 162 x 77.5 x 8.3мм и 6.44-инчен дисплеј.