Nothing доби инвестиција од 96 милиони долари за раст на пазарот на САД

Објавено на 30.06.2023 во Новости



Nothing доби инвестиција од 96 милиони долари за раст на пазарот на САД

Ко-основачот на OnePlus, Карл Пеј беше ограничен да влезе на американскиот пазар со неговиот стартап Nothing. Сега е веќе поблизу со тој чекор. CNBC (via Android Headlines) објави дека лондонскио стартап обезбедил неверојатни 96 милиони долари од инвестициски фондови.

Првичната цел од оваа инвестиција е да се прошири бизнисот на Nothing на пазарот на САД и да го претстави најновиот телефон Phone (2). Highland Europe, европската компанија за вложување на капитал, го водела процесот на инвестирање, во кој што учествувале: GV, EQT Ventures, C Capital, и Swedish House Mafia, со кои што Nothing соработува за креирање на уникатни ринг-тонови за Phone (2). 


 
Сумата од 96 милиони долари ќе биде примарно инвестирана за влегување на Nothing на пазарот на САД со Phone (2) кој што е закажан за да биде претставен на 11 јули, 2023 година. Ќе биде со Snapdragon 8+ Gen 1 процесор. Инаку, Nothing претходно претстави три производи: the Ear (1), Ear (2), и Ear Stick безжичните слушалки, заедно со првиот телефон Nothing Phone





Прочитајте повеќе: