Call of Duty воведе мерки за претпазливост и разоткривање на измамниците

Објавено на 01.07.2023 во Игри



Call of Duty воведе мерки за претпазливост и разоткривање на измамниците

Activision е компанија за видео игри, која што мора да се заштити од играчите што сакаат да злоупотребат информации и да бидат со предност пред другите. Тоа го има во секоја игра. Играчите на Call of Duty добиваат нови мерки за претпазливост, кои во моментот се воведени за Modern Warfare II и Warzone II.

За играчите се забранети алатките како што е Wallhack, со цел да се дојде до дополнителни информации и да се стекне нефер предност пред другите играчи. Со цел да се детектира измамник, ќе се користи таканаречена „халуцинација“, што нема да влијае на чесните играчи и ги дезориентира само измамниците. Секоја „халуцинација“ ќе биде лажен играч со цел да го привлече измамникот и да го одведе во стапица, со цел да се разоткрие.