Илон Маск го предизвика гневот на Twitter корисниците со „читање на твитови“

Објавено на 03.07.2023 во Новости



Илон Маск го предизвика гневот на Twitter корисниците со „читање на твитови“

Илон Маск објави дека Twitter привремено го ограничува бројот на твитови, кои што луѓето може да ги прочитаат за еден ден, затоа што илјадници корисници пријавиле проблем со пристап кон страницата. Тој претходно објави дека профилите со верификација ќе бидат ограничени на читање до 6.000 постови дневно.

Непотврдените профили ќе може да читаат само 600 постови дневно, а новите непотврдени профили ќе бидат ограничени на само 300 невно, вели тој. „Ограничувањата наскоро ќе се зголемат на читање до 8000 твитови дневно, 800 за неверификуваните и 400 за новите непотврдени профили“, вели Илон Маск

Маск вели дека Twitter воведува привремено ограничување со цел да се соочи со екстремните нивоа на екстракција на податоци и манипулација на системот.