YouTube блокира гледање на содржини за корисниците со блокатори на реклами

Објавено на 03.07.2023 во Новости



YouTube блокира гледање на содржини за корисниците со блокатори на реклами

YouTube постојано води борба со корисниците што користат блокатори на реклами кога гледаат видеа на платформата. YouTube корисниците веќе добиваат предупредувања дека репродукцијата на видеото ќе биде блокирана после три видеа. 

„Рекламите го одржуваат YouTube да биде бесплатен за милијарди корисници ширум светот. Исто така, YouTube ги советува корисниците да изберат претплата на YouTube Premium за да ги избегнат рекламите, во тој случај креаторите би добивале плата за она што го работат“, се вели во известувањето.

Во предупредувањето се наведува дека YouTube ќе ги спречи да продолжат да гледаат видеа на платформата, само доколку не го деблокираат блокаторот на реклами или не ја додадат веб-страницата на нивната „бела листа“.