Роботот EveR 6 за прв пат диригирал на Националниот оркестар на Јужна Кореја

Објавено на 03.07.2023 во Новости



Роботот EveR 6 за прв пат диригирал на Националниот оркестар на Јужна Кореја

Роботот EveR 6 има големо достигнување, со тоа што диригирал со Националниот оркестар на Јужна Кореја, на концерт во Сеул. Дизајниран е од Институтот за индустриска технологија во Кореја. Пред да почне со диригирање, роботот прво ѝ се поклонил на публиката, а потоа се свртел кон оркестарот, па почнал.

„Движењата на диригентот се многу прецизни. Роботот можеше да прикаже толку детални потези, многу подобро отколку што замислував“, изјави Чои Со-јул, која го предводела петочниот настап заедно со роботот.

Роботот одржал сам вкупно четири концерти. Единствениот негов недостаток е што не може да слуша.