SpaceX го лансираше европскиот телескоп Euclid за мапирање на мрачната вселена

Објавено на 04.07.2023 во Вселена



SpaceX го лансираше европскиот телескоп Euclid за мапирање на мрачната вселена

SpaceX лансираше телескоп за Европската вселенска агенција од Кејп Канаверал, Флорида, со помош на ракетата Falcon 9. Телескопот Euclid го добил името по таткото на геометријата, кој што ќе има мисија за проучување како темната материја и темната енергија ја обликуваат вселената.

Телескопот располага со неверојатна камера од 600MP, која што астрономите ќе ја користат за мапирање на 1/3 од ноќното небо во следните 6 години. Euclid има NIR спектрометар и фотометар за мерење на црвеното движење на галаксиите.