Nothing Phone (2): Објавени реалистични нови рендери

Објавено на 04.07.2023 во Новости



Nothing Phone (2): Објавени реалистични нови рендери

Nothing Phone (2) е резервиран за откривање на 11 јули, но популарниот Marques Brownlee веќе објавил слики со новиот модел. Nothing Phone (2) изгледа многу слично како Phone (1) и речиси идентичен е со претходниот модел. Овие рендери Карл Пеј ги негира и вели дека се лажни.

Новиот уред има позаоблено стакло од задната страна. Светлосната ртака околу камерата е разделена на два дела и средниот дел е поделен на шест индивидуални траки. Тоа значи дека телефонот сега има повеќе LED зони - 33 конкретно, во споредба со 12 што ги имаше претходниот модел.