ChatGPT ќе ви помогне да го испланирате следното патување на Booking.com

Објавено на 04.07.2023 во Новости



ChatGPT ќе ви помогне да го испланирате следното патување на Booking.com

За некои планирањето на патувањето е вистинско задоволство, додека за други е голема мака што бара многу слободно време и цврста волја. Дали следното патување би го препуштиле на организатор зад кого стои вештачка интелигенција?

Booking најави нов планер за патување, кој ќе функционира на база на вештачка интелигенција. Планерот за патување ќе биде изработен врз основа на моменталниот модел со машинско учење на платформата на Booking, во комбинација со ChatGPT технологијата. Тој моментално е достапен за одредени корисници во САД, но се најавува дека со текот на времето ќе стане достапен за сите.