The Password Game е играта што налути многу корисници низ светот

Објавено на 05.07.2023 во Игри



The Password Game е играта што налути многу корисници низ светот

Новата игра што ги освои корисниците ширум светот е The Password Game. Играта е едноставна и на почетокот е лесно пронаоѓањето на вистинските лозинки, но може да ве излуди после неколку минути кога задачите стануваат се покомплицирани и нерешливи.

Креаторот Neal Agarwal вели дека и тој самиот има проблеми со наоѓање на лозинката што ќе биде во согласност со правилата на играта. Правилата се едноставни: лозинката мора да содржи одреден број на букви, броеви, големи букви, знаци и слично. Овие правила одат до степен на апсурд и речиси сигурно е дека ќе побарате помош од Google, затоа што задачите ќе станат се потешки.

Лозинката мора да содржи одреден број на римски цифри. Сигурни сме дека ќе има многу нервозни корисници како нас, што не можевме да го најдеме соодветниот пасворд. Пробајте на овој линк https://neal.fun/password-game/