Google тврди дека неговиот супер компјутер ги руши сите рекорди

Објавено на 06.07.2023 во Новости



Google тврди дека неговиот супер компјутер ги руши сите рекорди

Google тврди дека постигнал „квантна надмоќ“ со квантниот компјутер, способен да направи пресметки за кои дури и на најбрзиот компјутер би му требале 47 години. Квантниот процесор на технолошкиот гигант работи на 70 кјубити, надминувајќи ја претходната верзија Sycamore, која што имаше 53 кјубити. 

Концептот на квантна технологија ги искористува чудните ефекти на квантната физика, со цел да ја забрза обработката на информации. Квантните компјутери може да ги складира и обработува квантните битови на информации (кјубити) во повеќе состојби истовремено, што е невозможно за класичните компјутери.