Кина покажа заби: Воведува ограничување на извоз на материјали за производство на чипови

Објавено на 06.07.2023 во Новости



Кина покажа заби: Воведува ограничување на извоз на материјали за производство на чипови

Кина ќе воведе дозволи за извоз на група производи од метал, кои што се користат во производство на полупроводници, најави министерството за трговија, зајакнувајќи ја напнатоста во трговските односи со Вашингтон во технолошкиот сектор.

Мерките за контрола на извоз ќе стапи во сила на 1 август и ќе опфатат 14 производи од галиум и германиум, соопшти Пекинг, наведувајќи го овој потег како заштита на националната безбедност и интересите. 

Автор: Aleksandar Stankov