Кодните имиња на Galaxy Watch 6 се објавени неофицијално

Објавено на 06.07.2023 во Смарт часовници



Кодните имиња на Galaxy Watch 6 се објавени неофицијално

Galaxy Watch 6 серијата е закажана за официјално откривање на крајот на овој месец. Сега имаме информација за кодните имиња на телефоните, благодарение на 9to5Google и нивниот извор Dylan Roussel. Според 9to5Google, претстојните Samsung Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic веќе добиле сертификат од Google Play.

Сертификатите не откриваат многу детали, но ги потврдуваат актуелните имиња на уредите, како и моделите што дефинитивно ќе излезат:

Galaxy Watch 6 (40mm) – SM-R930
Galaxy Watch 6 (44mm) – SM-R940
Galaxy Watch 6 Classic (43mm) – SM-R950
Galaxy Watch 6 Classic (47mm) – SM-R960

Samsung не ги потврдува официјално овие информации, кои што се само прогноза на аналитичарите.