Apple ќе лансира Beats Fit Pro со нова верзија на дизајн

Објавено на 06.07.2023 во Новости



Apple ќе лансира Beats Fit Pro со нова верзија на дизајн

Beats ја продолжува својата соработка со Hiroshi Fujiwara за фрагментален дизајн со цел да им овозможи на своите корисници забавен дизајн и нешто уникатно. Компанијата во сопственост на Apple ќе лансира специјална верзија на Beats Fit Pro утре, која што ќе биде достапна во црна и бела боја. 

Ова ќе биде трет пат како Beats објавува специјална верзија со фрагментален дизајн, откако претходно ги претставија Beats Flex и Powerbeats Pro пред две години. Следните Beats Fit Pro слушалки со фрагмент дизајн се одликуваат со минималистички и класичен дизајн, додека сите внатрешни спецификации се исти.