Илон Маск се заканува со тужба против Марк Цукерберг за Threads

Објавено на 07.07.2023 во Новости



Илон Маск се заканува со тужба против Марк Цукерберг за Threads

Twitter ќе ја тужи Meta, поради злоупотреба на деловни тајни. Во тимот за развој на апликацијата Threads, новаа апликација во сопственост на Meta, биле вработени десетина луѓе од Twitter, кои наводно издале деловни тајни и така незаконски сакаат да му конкурираат на Twitter.

Алекс Спиро, адвокатот на Илон Маск, испратил писмо до Марк Цукерберг, извршниот директор на Meta за „незаконско присвојување на трговски тајни на Twitter и друга интелектуална сопственост“. Ново-вработените во Meta од Twitter претходно „имале пристап до трговските тајни на Twitter и многу други доверливи информации“. Инаку, апликацијата Threads има огромен успех со број на корисници, потврдува Цукерберг