Threads на Цукерберг регистрирал 10 милиони корисници во првите 7 часа од лансирањето

Објавено на 07.07.2023 во Новости



Threads на Цукерберг регистрирал 10 милиони корисници во првите 7 часа од лансирањето

10 милиони корисници се пријавиле на новата Threads апликација на Meta во првите седум часа, изјави директорт на компанијата Марк Цукерберг на BBC. Апликацијата е претставена како „пријателски“ ривал на Twitter, во сопственост на Илон Маск. 

Експертите прогнозираат дека Threads може да привлече многу корисници на Twitter, незадоволни од неодамнешните промени на таа платформа. Threads им овозможува на корисниците објавување до 500 знаци и има многу опции што се слични на Twitter. Илон Маск веќе се закани преку својот адвокат дека Марк Цукерберг ќе добие тужба за Threads поради незаконско присвојување на деловни тајни.