Марк Цукерберг се пофали со 95 милиони објави на Threads

Објавено на 08.07.2023 во Новости



Марк Цукерберг се пофали со 95 милиони објави на Threads

Новата Threads апликација на Instagram е спремна за успех, привлекувајќи го вниманието на корисниците. Шефот на Meta, Марк Цукерберг, објави дека апликацијата веќе привлекла над 30 милиони пријави до четвртокот наутро. 

Интерниот извештај на компанијата открива дека имало 95 објави и 190 милиони лајкови на објавите, за помалку од 24 часа од лансирањето во среда вечерта на iOS и на Android. Брзо стана најдобрата бесплатна апликација на App Store.