Кинезите ја освојуваат Русија: Наместо Samsung и Apple, се бараат Xiaomi и Realme

Објавено на 10.07.2023 во Новости



Кинезите ја освојуваат Русија: Наместо Samsung и Apple, се бараат Xiaomi и Realme

Кинеските смартфони доминирале на рускиот пазар во првата половина на оваа година, надминувајќи 70% од вкупната продажба. Во истиот период минатата година, имале 55% од продажбата. Откако јужно-корејските Samsung и Apple ја намалиле продажбата во Русија поради војната во Украина, најпопуларните телефони на рускиот пазар станале кинеските Xiaomi и Realme.

Вкупната побарувачка за смартфони пораснала за 17% во споредба со првата половина на 2022 година, со речиси 13 милиони продадени уреди. Русија сега во Кина набавува широка лепеза на производи, од електроника до автомобили, со оглед на тоа што повеќето западни марки се повлекле од пазарот.